Top Sport

(Видео) Лудница во Германија: Баерн води 1:0, Борусија губи 0:2 од Мајнц, Але промаши пенал

Кулминира драмата во борбата за шампионската титула во Бундес лигата. На 45 минути до крајот на сезоната, Баерн Минхен е блиску до одбрана на трофејот.

Во последното коло, Борусија Дортмунд влезе од лидерската позиција, со бод повеќе од Баерн.

По првото полувреме, Борусија губи на домашен терен од Мајнц 0:2, а Баерн има минимална предност на гостувањето во Келн.

Баерн во Келн води со голот на Коман постигнат во осмата минута.

Мајнц го шокираше „Вестфален“ во 15 минита преку Олсен. Нов шок навивачите на Борусија доживеаја четири минути подоцна, кога Але не реализираше пенал за израмнување. Целосна катастрофа на Дортмунд му се случи во 24.минута кога Онисиво погоди за 0:2.

Scroll to Top