Top Sport

Лудница во надополнувањето на мечот Шефилд против Вест Хем: Судијата делеше црвени картони, се одиграа два пенали

Фудбалерите на Шефилд Јунајтед ремизираа со тимот на Вест Хем 2:2, во 21. коло од англиската Премиер лига.

Натпреварот го одбележа целосно лудило во второто полувреме, каде беа покажани два црвени картони, по еден на двете страни, а истото беше и со пеналите.

Вест Хем поведе со голот на Корнет во 28. минута, но во самиот финиш на првото полувреме израмни Бреретон Дијаз за Шефилд.

Сепак, тоа не беше крајот. Во 78. минута судијата досуди пенал за гостите, а Вард-Праус ја презеде одговорноста и погоди за ново водство на „чеканите“.

Па, следеше вистинско лудило. Прво, во првата минута од судиското надополнување, Брустер доби директен црвен картон, а шест минути подоцна Вест Хем остана со десет играчи, кога Куфал за само три минути доби два жолти и црвен картон.

Врвот на лудилото беше во 13. минута од судиското надополнување, кога Ареола непрописно стартуваше во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал за Шефилд. Мекбарни беше прецизен од белата точка.

По ова реми Вест Хем е на шестата позиција со 35 бодови, додека Шефилд и понатаму е закован на последното место со само 10 бодови.

Scroll to Top