Иако по првото полувреме се мислеше дека Фенербахче ќе добие уште една „шлаканица“ со висок пораз во дербито на Истанбул со Бешикташ, губејќи со 3:0, во неверојатен пресврт со три гола во второто полувреме славниот клуб стигна барем до 3:3 реми.
Бешикташ имаше 3:0 по двата гола на Бурак Јилмаз (едниот од пенал) мислејќи дека е на чекор до голема победа, но на крајот тимот на Ерсун Јанал успеа да ја спаси честа во пеколни 12 минути. Словенецот Миха Зајц намали на 3:1 во 55. минута, дефанзивецот Садик Чифтпинар само шест минути подоцна додаде уште еден гол, за пресвртот да го комплетира Калдирим во 67. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса да влезе при крајот на мечот, во 84. минута на местото на Зајц.
По 23 кола во турската Суперлига, Бешикташ се на третото место со 40 поени, пет помалку од второпласираниот Галатасарај и дури 11 зад лидерите Башакшехир, додека Фенер се на 14. место со 25 поени, само еден поен над зоната за испаѓање.