Top Sport

Лудо прво полувреме во Келн – Интер-Севилја 2:2

Интер и Севилја одиграа едно одлично прво полувреме, кое заврши 2:2 и најави уште поголема битка за титулата од Лига Европа во вторите 45 минути.

Интер имаше блескав старт, откако уште во петтата минута, Ромелу Лукаку се израмни по бројот на голови во деби сезона во Интер со Роналдо со својот 34. гол, овојпат од белата точка откако тој беше фаулиран во шестнаесетникот.

Лук де Јонг, херојот на Севилја против Манчестер јунајтед, потоа направи мини-пресврт за Севилја со голови во 12. и 33. минута, но само три минути подоцна Диего Годин израмни за „нераѕурите“.

GOAL Inter! Lukaku scores from the spot. #UEL #UELfinal #FORZAINTER
pic.twitter.com/ZsV7KyVCVU

— Football World (@FTTV10) August 21, 2020

Scroll to Top