Top Sport

Репторс првпат во историјата имаат 3-0 водство во плејоф!

Актуелните НБА шампиони, Торонто репторс првпат во историјата на клубот имаат 3-0 водство по една плејоф серија откако со 112:97 ги декласираа Бруклин нетс во Орландо за да покажат дека сериозно одат на нов трофеј.

Репторс започнаа одлично, добивајќи ја првата четвртина со 24:17 и до крајот на мечот само го зголемуваа водството за убедлива трета победа над разочарувачкиот тим на Нетси.

Паскал Сиакам беше лидер на Торонто со 26 поени, 8 скока и 5 асистенции, Фред ван Влит додаде 22 поени, 5 скока и 5 асистенции, а Серж Ибака имаше 20 поени за 22 минути.

Scroll to Top