Top Sport

Лудо реми меѓу Бетис и Гранада – три гола за седум минути

Реал Бетис по поразот во градското дерби од Севилја, во драматична завршница со три гола за само седум минути мораше да се задоволи со 2:2 реми со Гранада.

Домаќините беа во негатива од 29. минута, кога Карлос Фернандез постигна убав гол по една брза акција на Гранада. Овој резултат „стоеше“ со 84. минута кога домаќините конечно добија шанса по досудениот пенал.

Серхио Каналес беше сигурен од белата точка, за само четири минути подоцна Кристијан Телја да даде уште еден гол за Севилја со надеж за трите поени. Меѓутоа, драмата не заврши тука. Во 91. минута, Роберто Солдадо по еден корнер ја искористи лошата поставеност на домаќините за да ги постави конечните 2:2.

Со поенот, Гранада е на осмото место со 42 поени, додека Бетис се само 13 со 34 поени.

Scroll to Top