Top Sport

Лудото баскиско дерби заврши со 3:4 победа на Сосиедад (видео)

Дуелот на двата баскиски клуба, Осасуна и Реал Сосиедад на „Ел Садар“ во Памплона не разочара, откако гостите имаа 0:3 водство по само 28 минути игра, за на крај да се задоволат со тешко извоена 3:4 победа.

Микел Ојарзабал во 15., Порту во 18. и Мартин Одегард во 28. минута донесоа водство за клубот од Сан Себастијан по кое сметаа дека ќе имаат лесен натпревар, но домаќините не мислеа така. Аријадне во финишот на полувремето намали на 1:3, пред во 48. минута Чими Авила да им даде надеж дека кам-бекот е можен со гол за 2:3.

Меѓутоа, Факундо Рокаља доби црвен картон во 71. минута, по што Сосиедад во 79. минута зголеми на 2:4. Домаќините и со играч помалку намалија на 3:4 во 84. минута, но немаше време (ниту сили) за подвиг.

По 18. кола, Сосиедад е на четвртото место со 31 поен, осум помалку од лидерот Барселона, додека Осасуна е на 11. место со 23. поени.

Scroll to Top