Top Sport

Луис Алберто побарал да го раскине договорт со Лацио

Фудбалерот на Лацио Луис Алберто ги крена страстите во Рим, откако објави дека сака да го раскине договорот.

По победата на Лацио над Салернитана, тој јавно објави дека наредната сезона не сака да го носи дресот на овој тим.

„Имав неколку тешки недели зад мене поради се што се случи. Што планирам? Не знам, но знам дека ова е мојата последна сезона овде, не сакам повеќе да бидам дел од Лацио. Не сакам повеќе ниту едно евро од Лацио и веќе побарав да го раскинам договорот. Сакам парите од преостанатите четири години од договорот да одат за други играчи. Дојде моментот кога треба да заминам од клубот кој ми даде толку многу“, изјави Алберто.

Шпанецот веќе некое време е во немилост, а немаше добри односи со Маурицио Сари кој јавно кажа дека тој и Сергеј Милинковиќ-Савиќ не можат да играат заедно во формација 4-3-3.

Сезонава одигра 39 натпревари на кои постигна четири гола и забележа осум асистенции.

Многумина заборавија дека Алберто дојде од Ливерпул, во 2016 година, а за Лацио одигра дури 302 натпревари, постигна 51 гол и забележа 76 асистенции.

Алберто има понуди од Шпанија и очигледно сака да се врати во татковината.

Scroll to Top