Top Sport

Луис Енрике: А што ако Мбапе реши да остане?

Шпанските и француските медиуми се уверени дека Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Тренерот на „светците“, Луис Енрике тврди дека тоа не е сигурен облог и открива што би можело да го одврати Мбапе за да го продолжи својот престој во Париз.

„Се надевам дека Килијан ќе се предомисли. Да замислиме дека ќе ги освоиме сите четири титули оваа сезона, а тој во последен момент одлучи да остане. Париз е неговиот дом? Зошто да не? Ќе видиме“, рече Енрике.

Мбапе има валиден договор со ПСЖ до крајот на сезоната. За францускиот шампион оваа натпреварувачка година постигна 38 гола на 37 натпревари, а имаше и седум асистенции. Во кариерата за Пари Сен Жермен има постигнато 250 голови на 297 одиграни натпревари.

Scroll to Top