Луис Енрике бил подготвен да го преземе Челси веднаш по отказот кој го доби Греем Потер и бил разочаран што американскиот газда Тод Бели решил да му ја даде (преодната) работа на Френк Лампард, тврди шпанскиот „АС“.
„Сините“ го отпуштија Потеер на 2 април по лошата низа резултати, и веднаш почнаа со потрага за постојан менаџер, со Енрике како фаворит, откако поранешниот шпански селектор веднаш пристигна во Лондон на преговори. Но, американските газди се решија да го вратат Лампард на клупата за да имаат време до летото да постигнат постојан договор.
Според „АС“, Енрике бил мотивиран да го предводи тимот веќе во четврт-финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Со Лампард, Челси ги загубија двата меча од Премиерлигата против Вулверхемптон и Брајтон и загубија со 2:0 од Реал на „Сантијаго Бернабеу“.