Фудбалерите на ПСЖ остварија историска победа од 5:0 над Интер во Минхен и ја освоија првата титула европски шампион во историјата на клубот.
Парижаните имаа предност од два гола до 20-та минута благодарение на Ашраф Хакими и Дезире Дуе, а во второто полувреме Дуе го постигна својот втор гол, а до крајот по гол постигнаа Хвича Кваратцхелија и Сени Мајулу.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике стигна до својата втора титула во Лигата на шампионите, откако ја освои во 2015 година како тренер на Барселона. Шпанецот стана седмиот тренер што ја освоил Лигата на шампионите со два различни клуба. Тој им се придружи на следните тренери на листата:
Ернст Хапел: Феенорд (1970) и Хамбург (1983)
Отмар Хицфелд: Борусија Дортмунд (1997) и Баерн Минхен (2001)
Јуп Хајнкес: Реал Мадрид (1998) и Баерн Минхен (2013)
Карло Анчелоти: Милан (2003 и 2007) и Реал Мадрид (2014, 2022 и 2024)
Жозе Мурињо: Порто (2004) и Интер (2010)
Пеп Гвардиола: Барселона (2009 и 2011) и Манчестер сити (2023)
Луис Енрике ја продолжи својата серија победи во финалните натпревари. Ова беше неговото осмо финале во неговата тренерска кариера и негова осма победа.
Листа на сите финалиња што Луис Енрике ги водеше како тренер:
2014/15 Барселона – Атлетик Билбао 3:1 (Шпански Куп)
2014/15 Барселона – Јувентус 3:1 (Лига на шампионите)
2015/16 Барселона – Ривер Плата 3:0 (Светско клупско првенство)
2015/16 Барселона – Севилја 2:0 (Шпански Суперкуп)
2016/17 Барселона – Алавес 3:1 (Шпански Куп)
2023/24 ПСЖ – Лион 2:1 (Француски Куп)
2024/25 ПСЖ – Стад де Ремс 3:1 (Француски Суперкуп)
2024/25 ПСЖ – Интер Милан 5:0 (Лига на шампионите)
Оваа сезона, Парижаните ги освоија сите четири натпреварувања во кои се натпреваруваа, бидејќи покрај Лигата на шампионите, го освоија и Француското првенство, Францускиот куп и Францускиот суперкуп.
55-годишникот му се придружи на Пеп Гвардиола на листата на менаџери кои ја освоиле тројната круна (Лига на шампиони, домашно првенство и домашен куп) најмалку двапати. Гвардиола го стори тоа во 2009 и 2023 година, а Луис Енрике во 2015 и 2025 година.