Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари силно го критикуваше тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
„Кога играв во Барселона, бев таму со него. Многу е дрзок, има преголемо его. Енрике ќе ги наметне своите теории и ќе оди до крај, ќе умре со своите идеи. Мислам дека не го разбира вистинскиот потенцијал на своите играчи“, изјави Дугари за „Марка“.
Кристоф Дугари го критикуваше и пристапот на Луис Енрике на натпреварот од Лигата на шампионите против Њукасл (1:4)
„Момците од Њукасл сигурно мислеа: „Мислат дека сме ѓубре. И ние ќе им покажеме! Еве што се случи. Тренерот на ПСЖ мислеше дека Њукасл назадува“, додаде поранешниот француски репрезентативец.