Top Sport

Луис Енрике ги отпишал Коло Муани и Шкриниар

Рандал Коло Муни, во зимскиот преоден рок ќе бара нов клуб. Тренерот, Луис Енрике го известил раководството на клубот дека Коло Муани и Милан Шкриниар не се во неговите планови. За Коло Муани ПСЖ на Ајнтрахт, минатото лето му плати 95 милиони евра, а Шкриниар во Париз пристигна без обесшететување од Интер.

Интерес за Коло Муани покажале клубови од Премиер лигата и Германија. Први во низата се Манчестер јунајтед и Њукасл.

„Црвените ѓаволи“ треба да доведат нов напаѓач, а дали тоа ќе биде Виктор Џекерес или можеби Коло Муани, останува прашање. Од друга страна, Њукасл многу лесно би можел да остане без Александар Исак, а замена гледаат во напаѓачот на ПСЖ, Коло Муани, кој исто така би можел да се врати во Германија каде е заинтересиран Лајпциг.

Во текот на кариерата Коло Муани играше и за Нант и Булоњ. За француската репрезентација одигра 27 натпревари и постигна осум гола.

Scroll to Top