Top Sport

Луис Енрике го прекина молкот

Луис Енрике, минатата година реши да ја напушти Барселона, екипа со која имаше три исклучително успешни сезони. На „Ноу Камп“ него го наследи Ернесто Валверде, а Енрике реши да се одмори од фудбалот.

Иако е на одмор од фудбалот неговото име констатнтно се поврзува со одредени тимови: Арсенал, Челси, ПСЖ, Наполи…

По долго време тој реши да го прекине молкот и призна дека добил неколку понуди.

„Вистина е дека постои интерес кај одредени екипи. Ги одбив бидејќи сакам да работам некаде каде ќе чувствувам возбуда. Понудите што ги добив не ме привлекоа“, рекол Енрике.

Тој тврди дека никаде не постои тим каков што е Барселона.

„Не постои клуб во светот каде што би можел да работам со подобри фудбалери, тука нема никаква дилема“.

За време на својот престој на „Ноу Камп“, како тренер, 47-годишниот Луис Енрике освои шест трофеи.

Scroll to Top