Top Sport

Луис Енрике: Можевме да постигнеме и повеќе голови

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше воодушевен од победата на неговиот тим над Борусија Дортмунд со 2-0 на почетокот од групната фаза во Лигата на шампионите.

Шпанецот смета дека „светците“ можеле да постигнат и повеќе голови.

„Сите одиграа одлично, особено во првото полувреме. Заслужена победа. Можевме да постигнеме повеќе голови, но и нашиот противник одигра добро. На Коло Муани му треба време да се навикне на нашиот стил, со соиграчите, со нашиот план за игра, но јас сум среќен. Среќен сум што ги имам сите овие напаѓачи. Нашите навивачи се исто така одлични, без разлика дали ќе победиме или ќе загубиме“, изјави Енрике.

„Ми се допадна сè – интензитетот на играта од почетокот, брзината, контролата скоро 75 минути. Овој натпревар ќе ги зајакне нашите идеи. Задоволни сме. Нашата цел беше да ја играме нашата игра, да ја држиме топката, да притискаме високо. Противникот немаше можност да нападне, но во првото полувреме создаде неколку шанси“, додаде Шпанецот.

„Тоа е само првото коло. Победата е важна, но тоа не ни гарантира ништо. Важно е да победиме што повеќе натпревари. Во Њукасл исто така ќе ја играме нашата игра“, порача Луис Енрке.

Scroll to Top