Луис Енрике со голема насмевка на лицето излегол пред новинарите по победата над Италија во Милано, во полу-финалето на Лигата на нации. Шпанците ја прекинаа низата од 37 натпревари без пораз во која се наоѓаа азурите. Мечот го обележа Гави, кој со 17 години и 62 дена стана најмладиот репрезентативец во историјата на „црвената фурија“.
„Брилијантен прв натпревар за него. Сите ние знаевме какви се неговите можности. Не е нормално некој со 17 години да игра толку добро. Има карактер, го разбира нашиот стил на игра, физички е одлично подготвен…Јасно е дека тој не е иднината, туку сегашноста на репрезентацијата. Во младинските категории беше јасно што можеме да добиеме со Гави. Тој ни донесе храброст, карактер и неверојатно ниво на фудбалските вештини. Го маркираше својот идол Верати и одигра сјајно. Подготвен е за ова ниво“.
Шпанија за трофејот во Лигата на нации ќе игра на 10.октомври против победникот од натпреварот Белгија-Франција.