Поранешниот тренер на Барселон и ексселектор на Шпанија, Луис Енрике преговара со Бразилската фудбалска конфедерција (ЦБФ) за да стане наследник на Тите на селекторската позиција на „селесао“, тврди „УОЛ Еспорте“.
Федерацијата контактирала со Енрике преку неговиот поранешен соиграч од Барселона, Роналдо Назарио, откако Енрике си замина од шпанската репрезентација по разочарувачкиот настап на Светското првенство во Катар и елиминацијата од Мароко.
52-годишниот Енрике не е единствен на листат на претседателот на ЦБФ, Едналдо Родригеш, со Карло Анчелоти како можна опција откако не успеаја да го убедат Жозе Мурињо да ја напушти Рома.