Top Sport

Луис Нани се врати во Турција

Португалскиот фудбалер Нани (36) е нов играч на Адана Демиспор, потврди турскиот клуб. Тој потпиша двегодишен договор со Адана и ќе стане соиграч на македонскиот репрезентативец Јован Манев.

Минатата сезона Нани играше во Австралија за Мелбурн.

Од 2007 до 2014 година, Нани играше за Манчестер Јунајтед, со кој освои четири титули во англиската Премиерлига, како и Лигата на шампионите во 2008 година.

Во кариерата веќе има настапувано во Турција, во сезоната 2015/16 ги бранеше боите на Фенербахче.

Во репрезентацијата одигра 112 натпревари и постигна 24 гола, а со Португалија го освои и Европското првенство во 2016 година.

Scroll to Top