Луис Суарез постигна два гола, својот 10. и 11. оваа сезона во Ла лига, за Атлетико Мадрид да стигне до 2:1 победа кај Еибар и да направи разлика од дури 7 поени пред градскиот ривал Реал Мадрид и тоа со уште еден натпревар помалку.
Домаќините дојдоа до рано водство, кога во 12. минута, беше досуден пенал, а голманот на Еибар, Марко Дмитровиќ успеа да го совлада Јан Облак од белата точка. Израмнувањето дојде во 40-тата минута преку Луис Суарез, за кого ова е фантастичен 10-ти гол во шпанскиот шампионат оваа сезона. Уругваецот го додаде својот 11. гол во 88. минути за голема победа на тимот на Диего Симеоне.
Атлетико е лидер со 44 поени, седум повеќе од Реал Мадрид, кои имаат и меч повеќе, и дури десет пред Барселона на третото место. Еибар се на 15. место со 19 поени.