Top Sport

Луис Суарез – Го избркаа од Барса, на Атлетико им ја донесе титулата

Атлетико Мадрид ја освоија 11 титула во клупската историја. Атлетико, во драматичен натпревар, на „Хосе Сориља“ во Ваљадолид го победија домашниот тим со 2:1. Последниот гол во сезоната, голот за победи и шампионска титула го постигна 34-годишниот Уругваец, Луис Суарез.

Ветеранот, одигра сезона од сништата, им покажа на Барселона дека не е за „старо железо“. Минатото лето, тогашниот претседател на Барселона Џозеп Марија Бартомеу заедно со тренерот Роналд Куман буквално го избркаа Суарез од „Ноу Камп“.

Разочаран тој ја прифати понудата од Атлетико. Барселона од трансферот доби само пет милиони евра, ќе добие уште два милиони како бонус за освоената титула на Суарез со Атлетико.

Сезоната покажа дека Уругваецот последното парче во шампионскиот мозаик на Диего Симеоне.

Постигна 21 гол, 12 во 15 натпревари, кога Атлетико створи голема предност пред конкурентите, а потоа ги даде и клучните два гола, минатата недела против Осасуна во 88.минута за победа 2:1 и во последното коло против Ваљадолид во 67.минута за идентична победа.

 

Scroll to Top