Top Sport

Луис Суарез и Торес со честитки за Ливерпул

Поранешните голгетери на Ливерпул, Луис Суарез и Фернандо Торес им честитаа на „црвените“ за историската титула од Премиер лигата, триесет години од последната.

Суарез беше ѕвезда на „Енфилд“ од 2011 до 2014 година пристигнувајќи во Ливерпул од Ајакс и освојувајќи ја титулата за најдобар фудбалер во сезоната 2013/14 пред да замине во Барселона. Уругваецот таа сезона постигна 31 гол, откако претходната даде 23, но Ливерпул беа само втори во лигата со два поени помалку од Манчестер сити.

„До капитенот Џордан и другите фудбалери на Ливерпул, пресреќен сум за вас и вашите семејства и за фановите на Ливерпул. Се надевам дека уживате во овој успех, бидејќи навивачите на Ливерпул сигурно уживаат. Вие сте шампиони“, вели Суарез.

Уште еден поранешен напаѓач на Ливерпул прати порака до клубот, откако Фернандо Торес се јави преку Инстаграм.

„Огромни честитки на сите во Ливерпул за освојувањето на титулата од Премиер лигата. Неверојатен тим, фантастичен менаџер, но најголемите честитки одат кај секој навивач на Ливерпул. Го чекавте ова толку долго и сега посакуваниот трофеј е ваш. Заслужено“, напиша Торес.

Scroll to Top