Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез ќе оди на артоскопска операција на коленото поради проблеми со повредата на менискусот, потврдија од каталонскиот клуб.
Барса не потврдија колку време ќе отсуствува од теренот Уругваецот, но тој најверојатно ќе ги пропушти последните два меча од Ла лига против Хетафе и Еибар, а останува да се види дали ќе биде подготвен за финалето од Копа дел реј против Валенсија на 25 мај.
Суарез има 25 гола во 49 меча во сите натпреварувања оваа сезона, и ги одигра 90-те минути во спектакуларниот 4:0 пораз од неговиот поранешен клуб Ливерпул со кој Барселона беше елиминирана во полуфиналето на Лигата на шампиони.
[❗ INJURY NEWS]
Luis Suárez to have arthroscopic surgery
More info ? https://t.co/2ebxXCetQX pic.twitter.com/5XFM5dKVZI— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 9, 2019