Top Sport

Луис Суарез нема ништо против трансферите на Гризман и Кутињо

Фудбалерот на Барселона, Луис Суарез, го поддржува клубот во намерата да ги реализира трансферите на Фелипе Кутињо од Ливерпул и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

„Барселона секогаш сака да ги донесе најдобрите играчи, а Гризман и Кутињо се на тоа ниво, спаѓаат во елитни фудбалери. Млади се и пред нив се долги кариери“, рекол Уругваецот.

Запрашан на која позиција би играл Гризман доколку францускиот фудбалер навистина пристигне во Барселона, Суарез рекол:

„Во Атлетико му е потребна класична „деветка“, бидејќи тој не е тоа. Неговото доаѓање би било добро за клубот, а би играл на позија која би му ја одредил тренерот“.

Инаку Атлетико Мадрид во моментов е најблиску до Барселона на табеката во Ла Лига. Барселона на врвот има шест бода повеќе од Атлетико.

Scroll to Top