Top Sport

АБА-лига: Познати термините за одигрување на Ф4-турнирот

АБА-лигата донесе одлука првиот завршен турнир на регионалното натпреварување во јуниорска конкуренција да се одигра во Лакташи.

Турнирот ќе се игра на 27 и 28 јануари, а ќе учествуваат Црвена звезда, Будуќност Подгорица, Мега Бемакс и Игокеа.

Првото полуфинале ќе го одиграат Црвена звезда и Будуќност на 27 јануари од 12.30 часот, а од 15 часот ќе започне дуелот помеѓу Игокеа и Мега Бемакс.

Наредниот ден, 28 јануари, од 14.30 часот ќе се игра натпреварот за третото место, а финалето е закажано за 17 часот.

Scroll to Top