Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез кариерата ќе ја продолжи во Мексико. Медиумите во оваа земја тврдат дека тој ќе потпише договор со Круз Азул.
Суарез, откако му заврши договорот со Атлетико Мадрид, се врати дома во Национал, за да ја одржи формата пред Мундијалот. Со Национал ја освои титулата во Уругвај, но не успеа да се пласира во нокаут фазата со Уругвај.
Откако му заврши договорот со Национал, се шпекулираше дека ќе се врати во Европа, Севилја покажа голем интерес или дека ќе се преселив о САД.
Сепак, според мексиканските новинари, Суарез е многу блиску до потпис за славниот тим Круз Азул. Наводн стини детали го делат од потпис на договорот.
Претходно, 35. годишниот напаѓач ја одбил понудата на бразилскиот великан Гремио.