Top Sport

Луис Суарез се враќа дома

Луис Суарез ова лето е слободен играч откако му истече договорот со Атлетико Мадрид. Напаѓачот беше клучниот човек на Диего Симеоне во походот на шампионската титула во сезоната 2020/2021.

Суарез (35) се поврзува со многу клубови, на почетокот на неделата се појави информација дека неговите менаџери водат сериозни преговори со Борусија Дортмунд.

Од друга страна новинарот Родриго Васкез, тврди дека Суарез кариерата ќе ја продолжи во Национал од Монтевидео, тимот каде што стана професионалец пред 16 години.

Суарез се враќа во јужноамериканскиот фудбал со јасна намера со редовно играње да ја добие довербата на селекторот на Уругвај за Светското првенство во Катар.

Тој минатата сезона постигна 11 гола во Ла Лига за Атлетико Мадрид.

Во кариерата, покрај во Насионал и Атлетико, Суарез играл во Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона.

Scroll to Top