Top Sport

Луис Суарез се враќа во Ајакс?

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез би можел да ја продолжи кариерата во Ајакс, односно да се врати во клубот каде имаше метеорски напредок кога дојде во Европа.

Раководството на холандскиот шампион размислува за можен трансфер на досегашниот фудбалер на Атлетико Мадрид, со намера да го замени Себастиен Алер кој ќе се пресели во Борусија Дортмунд.

Суарез ова лето може да се врати во клубот како слободен играч. Уругваецот претходно играше за Ајакс од 2007 до 2011 година.

Луис Суарез минатата сезона забележа 13 гола и две асистенции на 45 натпревари за Атлетико Мадрид во сите натпреварувања турнири, а си замина откако му истече договорот.

 

Scroll to Top