Уругвајскиот голгетер Луис Суарез (35) ќе ги засили редовите на аргентинскиот гигант Ривер Плата, објавија бројни шпански и аргентински медиуми. Договорот на Суарез со Атлетико Мадрид истекува на 30 јуни, што значи дека на „Монументал“ ќе пристигне како слободен играч.
Според медиумите до крајот на оваа недела, Уругваецот ќе ги договори условите за соработка со Ривер. Ветеранот во тимот треба да го замени супер талентираниот Хулијан Алварез (22), кој потпиша договор со Манчестер Сити.
Суарез последен пат во Јужна Америка играше во 2006 година, кога го напушти Национал од Монтевидео и замина во Европа.
Искусниот напаѓач ги бранеше боите на Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.
За репрезентацијата на Уругвај одигра 132 натпревари и постигна 68 голови.