Луис Суарез од вчера е играч на Атлетико Мадрид. Уругваецот за новиот клуб ќе дебитира утре на натпреварот против Гранада. Суарез и во Атлетико ќе ја носи деветката на грбот. Со „јорганџиите“ тој потпиша две годишне договор.
„Драги навивачи на Атлетико, еве ме во новиот дрес. Со нетрпение го чекам првиот натпревар, во благодарам за пораките. Добив многу пораки. Сега е време за уживање и за нови успеси“, рекол Суарез во видеото кое клубот го објави на Инстаграм.
Луис Суарез во Атлетико пристигна како слободен играч откако Барселона реши дека повеќе не и е потребен.