Top Sport

Луис ван Гал заинтересиран да стане белгиски селектор

Иако уште на позицијата на селектор на Холандија и го очекува осминафинале утре против САД, Луис ван Гал уште сега е заинтересиран да стане селектор на соседите во Белгија по нивното испаѓање од групната фаза и најавеното повлекување на Роберто Мартинез по 0:0 ремито со Хрватска.

Ван Гал веќе има договорено да си замине од позицијата по крајот на СП, кога неговото место ќе го преземе Роналд Куман, и тој би бил подготвен за нова работа.

„Белгија е прекрасна земја со многу пријателски луѓе, Кноке-Хеист е фантастичен град со плажа, така што да, сум размислувал за таква опција. Што ќе треба да ме убедат? Па, прво мора да ја убедат мојата сопруга Трус. Шегите на страна, секогаш сум носел одлуки какви што сметам дека се исправни, но има некои држави во кои би се преселил, но Трус не би дошла со мене. Но, прво да зборуваме за холандскиот тим, сакаме да бидеме светски шампиони, а потоа ќе видиме дали има понуди“, вели 71-годишниот Ван Гал.

Scroll to Top