Top Sport

Луиш Фиго (повторно) влегува во шпанското кралско семејство

Даниела Сведин Фиго, најстарата ќерка на поранешната ѕвезда на Барселона и Реал Мадрид, Луиш Фиго и на шведската манекенка Хелен Сведин е во врска со Белтран Лозано, братучед на шпанскиот крал Фелипе Втори, тврдат шпанските таблоиди.

Лозано, официјално ја потврди нивната врска на социјалните мрежи со фотографии со Даниела на одмор со скијање во Бакиера Берет на Пиринеите. Белтран е актер ви живее во Мадрид, додека Даниела студира медицина во Памплона, Навара.

Ова не е првпат ќерката на Фиго да биде во врска со член на кралското семејство на Шпанија, откако беше во врска со Луис Осорио, внукот на Викторија Еугенија Бурбон, која пак, е братучетка на поранешниот крал Хуан Карлос Први.

Scroll to Top