Top Sport

Луиз го најде „двојникот“ од Славија, Алекс Крал!

Челси беше подобар од Славија Прага со 4:3 за пласман во полуфиналето на Лига Европа, но многумина кои го гледаа натпреварот забележаа необична ситуација – „копија“ на Давид Луиз во чешкиот клуб.

Се работи за 20-годишниот Алекс Крал, кој исто како и Луиз игра во централната одбрана на својот тим, и има речиси иста фризура. По мечот, Крал беше поканет во соблекувалната на Челси, каде што се смени со дресовите со бразилскиот дефанзивец.

Двајцата се сретнаа и во првиот меч во Прага, меѓутоа тогаш Луиз не играше и остана на клупата.

„Беше прекрасно да те видам пријателу! Господ да те благослови и да продолжиш да играш добро. Многу среќа“, напиша Луиз на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

We’ll see at Stamford Bridge @davidluiz_4 ?✊?⚽️?

A post shared by ?ALEX KRÁL? (@alexkral98_) on

Scroll to Top