Top Sport

Медведев го елиминираше Ѓоковиќ во Монте Карло!

Данил Медведев во четвртиот меч против Новак Ѓоковиќ стигна до својата прва победа, откако со 6:3/4:6/6:2 го совлада првиот носител во Монте Карло, обезбедувајќи полуфинале на Мастерс 1000 турнирот, каде што ќе го чека уште еден српски тенисер, Душан Лајовиќ.

Медведев мечот го започна со брејк, кој беше доволен да го освои првиот сет, додека во вториот Србинот повеќе се мачеше со ветерот во Монте Карло отколку со противникот, успевајќи да израмни на 1:1. Сепак, Медведев остана смирен и концентриран и направи два брејка да поведе 5:1. Ѓоковиќ врати еден гем, но на крајот не можеше да „избега“ од поразот.

Лајовиќ, претходно, во четврт-финалето го совлада Италијанецот Лоренцо Зонего со 6:4/7:5, додека во другите четврт-финалиња денеска играат Рафаел Надал-Гвидо Пелја и Борна Чориќ-Фабио Фоњини.

Scroll to Top