Top Sport

Луиз повторно со „супер-навивачот“ од Јапонија

Јапонските фанови се познати по својата „лудост“, така што бразилскиот дефанзивец на Челси, Давид Луиз знаеше што го чека кога повторно се сретна со својот супер-навивач.

Луиз со фотографии и видео од средбата го покажа човекот кој покрај фризурата, реши да ја „глуми“ и неговата повредена рака, замотувајќи ја со завои. Јапонскиот навивач дури се пофали и со слични мустаќи како неговиот идол.


Ова не е првпат овој јапонски навивач да се сретне со Луиз. Во ноември 2016 година, тој го чекаше Луиз пред тренинг-центарот на Челси во Кобам со знак во рацете.

Scroll to Top