Top Sport

Лук Де Јонг ја спаси Барса од пораз во 97.минута

Без победник 2:2 заврши градското дерби на Барселона. Еспањол против славниот градски ривал остана без победата во 97.минута. Лук Де Јонг спречи пораз на Барса.

Барселона, идеално го започна дербито. Лави го совлада ветеранот Диего Лопез во втората минута. На истекот на десеттата минута, Адама Траоре имаше чиста шанса, наместо голот го погоди голманот на Еспњол.

Еспањол израмни од првиот удар кон голот на Тер Штеген. Дардер прекрасно погоди во 40.минута.

И вториот дел започна со гол на Барселона, Гави го совлада Диего Лопез во 56.минута. Радоста на гостите им ја ускрати ВАР кој го поништи голот поради офсајдот на Френки Де Јонг.

Во екот на нападите на Барселона, Чави и неговиот тим ги шокираше Раул Де Томас. Ерик Гарсија лоши го процени додавањето на Дардер, Де Тома излезе сам пред Тер Штеген и рутински ја заврши акцијата.

До крајот на мечот Барса притискаше но без посериозна закана.

Во 95.минта црвени картони добија Пике и Меламед, а во 97.минута Лукд Де Јонг најдобро реагираше на центашутот што го испрати Траоре и го постави конечниот резултат.

Scroll to Top