Top Sport

Лук де Јонг овојпат недоволен за победа на Барселона

Лук де Јонг втор натпревар во низа го постигнува гол, но тој бе беше доволен Барселона да слави на гостувањето кај Гранада, одигрувајќи реални 1:1 за да останат на шестото место во Ла лига со дури 15 поени заостанување зад Реал Мадрид.

Холанѓанецот, кој неодамна беше поврзуван со трансфер во Кадиз, покажа дека не е толку лош колку што сакаат да кажат навивачите на каталонскиот клуб, откако повторно му беше поништен еден гол, за во 57. минута по одличното нафрлање на Дани Алвеш да ги донесе Барса во водство.

Гранада, која имаше подобро прво полувреме, во финишот остана со играч повеќе, откако Гави доби втор жолт картон во 80. минута за Антонио Пуертас во 89. минута да израмни на 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top