Top Sport

Лук Шо: Конечно, дисциплина во Манчестер јунајтед под Тен Хаг

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лук Шо, вели дека менаџерот на клубот, Ерик Тен Хаг, конечно, не дозволува неговите фудбалери да „прават што сакаат“ откако Тен Хаг го остави Маркус Рашфорд на клупата при 1:0 победата над Вулверхемптон, откако тој се успал и задоцнил на состанокот на тимт.

Рашфорд стартуваше на клупата проив Вулфс, а Тен Хаг објасни дека тоа е поради „внатрешна дисциплина“, но откако влезе во игра, 25-годишниот напаѓач го постигна единствениот гол за победа. Ова не е првпат Тен Хаг да тренира „дисциплина“, откако претходно ги исклучуваше Кристијано Роналдо и Алехандро Харначо од тимот поради дисцилина, нешто што никогаш не го правеше неговиот претходник Оле Гунар Солксјер, и Шо се согласува со менаџерот.

„Во врвен клуб мора да биде така. Мислам дека луѓето не смеат да прават што сакаат и можеби тоа беше дел од проблемот во минатото, кога некои поминуваа без проблеми кога правеа такви мали работи. Менаџерот го знае тоа, и како што видовте, ако не ги задржите високите стандарди, тогаш нема да играте“, вели Шо.

Тен Хаг вели дека го внесол Рашфорд во игра само бидејќи Јунајтед немаа даден гол.

„Сите мора да ги почитуваат стандардите и правилата. Мора да има последици, бидејќи во спротивност нема успех. Мислам дека Рашфорд одговори на вистински начин. Не бев задоволен од перформансите во првото полувреме и знаев дека Раши може да помогне“, објасни Тен Хаг.

Scroll to Top