Top Sport

Меси со новогодишна порака: Да ви се исполнат желбите и да ги споделите со своето семејство

Лионел Меси, освојувачот на Светското првенство, објави интересна порака за Новата година, по неговата крајно успешна 2022 година. Со фотографија на неговото семејство, тој се заблагодари на фановите за поддршката и љубовта која ја добил во 2022 и посака исполнување на сите желби.

„Година која никогаш нема да ја заборавм заврши. Сонот кој секогаш го бркав конечно се оствари. Но, тоа не би вредело ништо ако не можев да ја споделам радоста со моето прекрасно семејство и со пријателите кои ме поддржуваа и не ме оставија на подот, кога ќе паднев. Исто така имам посебни сеќавања на сите луѓе кои ме следат, фантастично е што можам да го споделам овој пат со сите вас. Би било невозможно да се стигне дотука без вашето охрабрување, на сите луѓе од мојата земјаа, од Париз, од Барселона и од многу градови и земји низ светот. Ви посакувам оваа година да биде прекрасна и многу здравје и среќа во 2023“, напиша Меси.

Scroll to Top