Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо ги изненади сите свои фанови откако сподели фотографија од неговите подготовки за новата сезона на кои тој е навистина непрепознатлив во неверојатна трансформација.
23-годишниот Шо не успеа да ја врати старата форма по скршеницата на ногата која ја доби на меч против ПСВ во септември 2015 година, и тешко наоѓаше место во тимот на Жозе Мурињо, кој честопати го критикуваше младиот Англичанец.
Но, сега тој се појави со многу помалку килограми, со многу повеќе мускули и очигледно со нови заби. Дел од фановите дури не веруваа дека се работи за Шо, посочувајќи дека тој сигурно бил на пластична операција.
Photo: Shaw on Instagram #mulive [lukeshaw23] pic.twitter.com/lLF6oqA7vX
— utdreport (@utdreport) July 13, 2018