Top Sport

Лука Готи го презеде Лече

Италијанскиот тренер Лука Готи го презеде Лече. Клубот објави дека Готи (56) потпишал договор до крајот на сезоната.

Готи беше донесен како замена за Роберто Д’Аверса, кој беше отпуштен по инцидентот во неделата, кога по завршувањето на натпреварот со Верона (0:1) го удри играчот на Верона, Томас Анри.

Готи му беше помошник на Маурицио Сари во Челзи во сезоната 2018/19, а беше прв тренер во Удинезе и Специја.

Примарна задача на новиот тренер ќе биде да обезбеди опстанок на клубот од стадионот „Виа дел Маре“ во Серија А. Лече е 16. на табелата со 25 бодови, само еден повеќе од Фросиноне, кој е првиот тим во опасната зона.

Лука Готи ќе дебитира в недела, кога Лече ќе гостува кај најлошата екипа во Серија А, Салернитана.

Scroll to Top