Top Sport

Лука Јовиќ пред преселба во Милан

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ до крајот на летниот преоден рок ќе замине од Фиорентина, а медиумите на Апенините најавуваат дека би можел да го засили Милан.

Тренерот Стефано Пиоли ги почитува квалитетите на Јовиќ, сакаше да го доведе на „Сан Сиро“ уште додека тој беше член на Реал Мадрид, а сега има и реална можност за таков потег.

Лука Јовиќ во Милан би заработувал 2,5 милиони евра по сезона.

Фиорентина има договор со Јовиќ до јуни 2024 година. Ова лето тој беше поврзуван и со враќање во Црвена Звезда, но сепак проблем беше неговата голема плата.

 

Scroll to Top