Лука Јовиќ го чекаа во Монца, но тој не само што ќе го напушти Милан, туку реши да замине и од Серија А. Според руските и италијанските медиуми, српскиот репрезентативен напаѓач постигнал договор со раководството на Спартак Москва, чии тренер Дејан Станковиќ инсистирал на неговиот трансфер.
Според руските медиуми, по разговорот со челниците на Спартак на состанокот одржан во Милано, Јовиќ се согласил да се пресели во Москва. Челниците на Спартак се согласиле да ја преземат неговата плата. Доколку се покаже како засилување, Спартак по завршувањето на сезоната ќе потпише четиригодишен договор со Јовиќ.