Top Sport

Лука Јовиќ со порака – „Бернабеу“ ќе ми го скандира името!

Српскиот фудбалер, Лука Јовиќ сака да се докаже во Реал Мадрид и од таа цел не отстапува. Тоа е пораката која ја пренесе неговиот личен тренер во Србија, Бојан Чустиќ кој даде интервју за шпански „АС“.

„Се наоѓа во врвна форма и се чувствува здраво и добро, во секоја смисла. Тренира дома по 3 часа секој ден. Секое утро имаме едночасовна сесија, а попладне два часа интензивен тренинг со исцрпувачки вежби“ – вели Чустиќ.

Самиот тој е уверен дека во прашање се моменти кога Лука Јовиќ „ќе експлодира“ во дресот на Реал како што беше случај во Ајнтрахт.

„Ми рече дека сака да се избори во Реал, дека има сјајна кариера и дека цел стадион ќе му го скандира името. Сигурен сум дека тоа ќе го постигне. Многу соиграчи разговараат со него и се обидуваат да му помогнат. Лука ќе го докаже потенцијалот, само мора да биде трпелив“ – вели Чустиќ.

Scroll to Top