Top Sport

Поминаа 13 години од бравурата со која Меси го понижи Хетафе (видео)

На денешен ден пред точно 13 години, во 2007 година тогаш тинејџерот од Барселона, Лионел Меси (19) покажа за каков калибар на играч се работи.

Во првиот полуфинален меч од Купот на кралот одигран на „Камп Ноу“, Меси прими топка на својата половина од игралиштето, па тргна во незадржлив продор кон противничкиот гол. Притоа издрибла 5 противнички фудбалери, го „легна“ и голманот и пласираше оддесно во небранетата мрежа.

Сличен потег за паметење имаше и Диего Марадона на Мундијалот во Мексико, во 1986 година, во четвртфиналето против Англија.

Погледнете, па споредете:

Scroll to Top