Top Sport

Лука Модриќ ги одложи лекарските прегледи во Милано

Лука Модриќ, синоќа не се појавил во Милано на закажаниот лекарски преглед, пред да го стави својот потпис на договорот со Милан.

Италијанските медиуми во последните денови објавија дека преговорите со Милан влегле во завршна фаза и дека потпишувањето е завршена работа, Модриќ, во последен момент го сменил планот.

Според информации од Апенините, 39-годишниот играч од средниот ред, го известил клубот дека не може да го направи прегледот бидејќи сè уште е под договор со Реал Мадрид.

Како што објаснил, од почит кон „кралскиот клуб“, не сака да преземе никакви официјални чекори пред да ги заврши своите последни обврски во дресот на Реал Мадрид.

Модриќ е на списокот на играчи на Чаби Алонсо за Светското клупско првенство, каде што Реал Мадрид ќе го одигра својот прв натпревар на 18. јуни против Ал Хилал. Тоа ќе биде последниот турнир на Лука Модриќ во дресот на Реал по 13 сезони во Мадрид.

Scroll to Top