Лука Модриќ по седум години престој во Мадрид реши да се поднови со нов супер-луксузен дом во предградието Ла Моралеха во Мадрид, кој според шпанските медиуми го чинел околу 12 милиони евра.
Заедно со својата сопруга, Вања Босниќ и трите деца, тие се преселени во домот од 10.000 квадратни метри, од кои 2.700 се на куќата со девет спални соби и девет бањи. Поголемиот дел од куќата е на приземјето со кујна, тоалет и шест спални, заедно со огромна дневна соба. Вториот кат е посветен на гостите, кои ќе имаат одличен поглед на градината. Покрај тоа во куќата има и домашно кино со 18 седишта, вински подрум и соба за деца од 80 метри квадратни со играчки, огромен телевизор и карпа за качување.
Исто така во куќата има и соба за масажи, модерна вежбална и гаража со капацитет од 10 автомобили, огромна градина, базен и кросфит патека.
Неверојатно! Модриќ пред 28 години чувал кози на планина! (видео)