Top Sport

Лука Тони: Роналдо заборавил да дрибла, сестрата Елма го обвинува Сари!

Поразот на Јувентус во финалето на Копа Италија на пенали од Наполи, секако, придонесе за огромен број на коментари околу формата на „бјанконерите“, тактиката на тренерот Маурицио Сари, и секако учинокот на Кристијано Роналдо во мечот.

Дуелот без голови беше „тежок“ за гледање, а Јувентус за среќа го имаа и фантастичниот Џанлуиџи Буфон на голот, кој беше најзаслужен што воопшто се отиде на пенали.

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Лука Тони вели дека главниот виновник е Кристијано Роналдо, кој покажал „длабоко просечна игра“ и воопшто не успеал да издрибла. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ имаше само еден удар на голот, а не дојде на ред во пенал серијата откако Пауло Дибала и Данило утнаа.

„Видовме дека цел тим на Јувентус е во проблеми, дури Кристијано Роналдо, кој изгледаше како просечен играч во многу спор меч. Очекувате големи работи од него, но како да имаше физички потешкотии и не знаеше ниту да издрибла некого“, вели Тони.

Ова беше само вторпат во кариерата на Роналдо да загуби две финалиња во низа, откако на крајот на 2019 загубија од Лацио во Италијанскиот Суперкуп.

Се јави и сестрата на Роналдо, Елма Авеиро, која преку Инстаграм го бранеше својот брат, префрлајќи ја вината на тренерот Маурицио Сари.

„Што уште можеш да направиш? Тоа е што е, и мој драг не можеш да направиш чуда сам. Не можам да сфатам зошто играа така. Како и да е, горе главата. Можеш многу повеќе, кралу“, напиша Авеиро.

Сари ги обвини напаѓачите за поразот во Купот

Scroll to Top