Ромелу Лукаку би сакал да направи трансфер во Јувентус доколку е приморан да си замине од Манчестер јунајтед ова лето, тврди британскиот „Сан“.
Белгискиот напаѓач го загуби статусот на првотимец од Маркус Рашфорд откако Оле Гунар Солксјер ја презеде контролата на тимот од Жозе Мурињо и има само девет гола во сите натпреварувања оваа сезона.
Лукаку во минатото не криеше дека има симпатии кон клубот од Торино, и според „Сан“ тој би сакал да игра покрај Кристијано Роналдо.
„Тој е огромен фан на Роналдо. Засега го загуби првото место, но не прави проблеми. Ситуацијата се испитува кај двата клуба. Летото ќе биде многу важно“, вели анонимниот извор на „Сан“.
Лукаку е веќе најдобар стрелец во историјата на белгиската репрезентација и покрај тоа што има само 25 години, а трансферот би бил „олеснет“ со помош на супер-агентот, Италијанецот Мино Рајола.
Фото: ЕПА