Top Sport

Нов клуб, нова девојка за Тибо Куртоа

Тибо Куртоа кога го направи трансферот од Челси во Реал Мадрид тврдеше дека една од причините е да биде блиску до неговото семејство, поточно до своите две деца кои ги има со поранешната сопруга Марта Домингез.

Сега, шпанскиот таблоид „Семана“ тврди дека Белгиецот има нова љубов – 32-годишната ТВ-презентерка Алба Карилјо, поарнешна сопруга на тенисот Фелисијано Лопез. Таблоидот објави фотографии на кои двојата е заедно, а Карилјо коментираше: „Уште се запознаваме, но јас сум среќна“.

Куртоа се раздели со поранешната сопруга Марта Домингез во април минатата година, додека беше фудбалер на Челси.

Scroll to Top