Top Sport

Лукаку е класа – бараше судијата да не досуди пенал за Белгија (видео)

Ромелу Лукаку се израмни со Кристијано Роналдо како најдобар стрелец на Мундијалот во Русија и во исто време направи еден од најфер потезите досега на првенството, барајќи од американскиот судија Џер Марафо да не додели пенал за „ѓаволите“ против Туниз.

Судијата веќе додели пенал во шестата минута, одлука која беше потврдена преку ВАР по фаулот над Еден Азар од Сијам Бен Јусеф на работ на шестнаесетникот. Лукаку набргу го зголеми водството на 2:0, по што дојде клучниот момент во 27. минута, кога по едно додавање од Кевин де Бројне се обиде да ја добие топката и падна во контакт со Фарук Бен Мустафа.

Но, наместо да бара пенал (како што би направиле многумина), Лукаку веднаш стана на нозе и јасно посочи дека ривалот нема вина. Ова е на пример целосно во спротивност на однесувањето на бразилската мега-ѕвезда Нејмар, кој се обиде да изглуми пенал против Костарика, пред ВАР да ја поништи одлуката.

До крајот на полувремето Лукаку постигна уште еден гол во 5:2 победата, за со четири гола да се израмни со Кристијано Роналдо како најдобар стрелец. Ако не ја добие таа награда една за фер-плеј од ФИФА не би била погрешно доделена.

Scroll to Top